Се бара повлекување на месен нарезак од маркетите – стои лого за Халал стандард, но содржи 40% свинско

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од Исламската Верска заедница информираат дека итно се бара повлекување на производ од маркетите.

Според нив, се продава месен нарезак на кој стои логото за Халал стандард, но во нарезакот има 40% свинско месо.

„Во маркети се продава Месен нарезак, произведнено од Гурмес, потекло од Република Србија, и убозник за Република Северна Македонија е Стокомак ДОО, ул. Димо хаџи Димов, бр.6-Б, Скопје.
Во истиот производ има лого на Халал Стандард а во делот на состојки има и свинско месо 40%“, пишуваат тие.

Бидејќи Агенција за Халал Стандард на Македонија, која функционира во рамките на Исламска Верска Заедница на РСМ, е единствено надлежно тело за сертификација на Халал стандард и контрола на халал производи се бара итно повлекување на производот од маркетите на Стокомак.