Се чека одлука на Владата – дали полицискиот час ќе се помести од 23 часот?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кризниот штаб вчера на состанок разгледа предлози пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предложи да се усвојат нови рестриктивни мерки:

  • забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
  • време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот.

Оваа одлука се очекува да биде усвоена на денешната владина седница, а ќе започне да се применува од 5 мај (среда).