Се исполнија партиските „апетити“? – Со закони ќе се бараат гласови на 12 април

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Одењето на парламентарни избори ги турна политичките партии во трка за тоа чиј предлог закон е приоритет и кој треба најпрво да се усвои. И за  Законот за ЈО за кој беа потребни 80 гласа ЗА, партиите со свои пресметки. СДСМ инсистираше на усвојување на законот за ЈО, ДУИ за измена на Изборниот законик, Движење Беса за вметнување етничка графа во личните карти и матичните книги, а ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Собранието. Сите беа исполнети.

ДУИ инсистираше за Законот за игри на среќа, ветинг и Изборниот законик. Иако беа прашани неколку пати, тие негираа дека го условуваат законот за ЈО. И Изборниот законик беше сменет во во раните утрински часови во саботата.

„ДУИ инсистира да се усвои овој закон пред распуштање на овој собраниски состав. Истото важи и за Законот за ветинг, и за Изборниот законик. Неопходно е изборите да бидат во согласност со законот и уставот“, истакна Артан Груби.

И Движење Беса јавно изјавија дека калкулирале со законот за ЈО. Пратеникот на оваа апртија, Фадиљ Зендели рече дека по влегување во собраниска постапка на измените во матичните книги и личните карти, се знаело дека тие ќе гласаат за законот за ЈО.

„По влегување на етничката графа во собраниска постапка, се знаеше дека ќе го поддржиме законот за ЈО“, додава Зендели.

ВМРО-ДПМНЕ постојано бараше да се распушти Собранието на 12 февруари, но тоа не се случи. Лидерот на оваа партија, се закани дека доколку не се распушти Собранието, дека ќе бојкотираат. Но тоа не го сторија ни во текот на седниците за законите за кои беа против и ја обвинуваа СДСМ.

И АА вчера рече дека иако се во опозиција, гласаат ЗА законот за евро – атлантска перспектива на државата. Законот за ЈО е услов за добивање датум од ЕУ, но тој ја дефинира судбината на прислушуваните материјали или “бомбите“ во случаите кои се веќе во судска постапка.