Се намалува цената на тестовите за Ковид-19 за 50%, фондот ќе плаќа на државните лаборатории

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Наместо 3.600 денари, референтната цена по која ќе им биде рефиндурано на болниците и лабораториите за ПЦР тест на Ковид-19 ќе биде 1.850 денари, пренесува порталот САКАМДАКАЖАМ.мк.

Од Фондот за здравство за порталот појаснуваат дека пониската референтна цена е поради смалените трошоци за медицински и друг потрошен материјал, како и големиот број на тестови.

„Земајќи ја предвид моменталната состојба во однос на пандемијата со коронавирусот и потребата од зголемување на бројот на пациенти за кои е потребно да се изврши молекуларна дијагностика за детекција на вирусот, како и вклучување на приватните лаборатории, кои ја даваат оваа услуга во мрежата на здравстевни установи, Комисијата за референтни цени направи ревизија на постоечката цена. На Управниот одбор на Фондот за здравство беше донесена одлука за воведување нова здравствена услуга за детекција на ковид-19 со ПВР-полимераза верижна реакција во реално време, со референтна цена помала од цената на тестот со оваа метода за другите микроорганизми“, велат од Фондот за здравство.

Тестирањето на сите пациенти што се со индикација за ковид-19 во државните лаборатории и понатаму е бесплатно

Од почетокот на епидемијата до сега, вкупно се направените 176 илјади ПЦР тестови.