Се обезбедуваат 30 милиони денари за транспорт и сместување во странство за блиските на повредените во пожарот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата денеска на седница донела одлука и го задолжила Министерството за финансии да обезбеди 30 милиони денари кои ќе ги пренесе на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР).

Истите се за помош за транспорт и сместување на најблиските на тешко повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во странство. 

Попладнево портпаролката на Владата, Марија Митева истакна дека оваа одлука е официјализирана на седница.

„Во овој момент можам да ја информирам јавноста дека за  58 лица се обезбедени транспорт и сместување. Оваа одлуката ќе се однесува и на оние лица кои заминале и пред донесување на ваквата одлука, ќе може ретроактивно да им се изврши дополнителна исплата“, рече Митева. 

Покрај за оваа одлука, таа соопшти и за контроли што Државниот пазарен инспекторат ги извршил за лиценци на угостителски објекти регистрирани како кабареа, ноќни клубови и диско клубови.