Се продава креветот на кој спиел Кристијано Роналдо, почетна цена 5.000 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Креветот на кој спиеше Кристијано Роналдо, ќе заврши на аукција за хуманитарни цели. Хотелот во Љубљана во кој неодамна престојуваше Роналдо со репрезентацијата на Португалија во пријателски меч, се одлучи да го продаде креветот.

Истиот е ставен на аукција со почетна цена од 4.300 фунти (околу 5.000 евра).

Ова изненадување за фановите на Кристијано Роналдо претставува прилика да поседуваат посебен спомен од фудбалската ѕвезда во главниот град на Словенија.

Од хотелот истакнаа дека ова е посебна возбуда и дека сакаат да им овозможат на сите луѓе да учествуваат во ова единствено искуство.