Се сруши трикатна зграда во Индија, при што загинаа најмалку 11 лица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најмалку 11 лица загинаа, а седум се повредени кога се распадна трокатна, трошна зграда по силните монсунски дождови во западниот индиски град Мумбаи, соопшти денеска полицијата.

Десетици спасувачи ги расчистуваа урнатините во потрага по жителите кои се уште може да бидат заробени, изјави полицаецот Равиндра Кадам.

Тој изјави дека зградата се срушила доцна синоќа. Обилните монсунски дождови во текот на денот поплавија неколку делови од Мумбаи, индискиот финансиски и забавен центар.

Телевизискиот канал Newу Делхи објави дека зградата се срушила во сиромашен кварт во областа Малад Запад во Мумбаи.

Локалното население им помагало на пожарникарите и полицијата во спасувањето на луѓето, а седум повредени се пренесени во болница во предградието Кандивали.

Во Мумбаи, каде паднаа 222 милиметри дожд за 12 часа, многу патишта, железници и населени места се под вода.

Пропаѓањето на зградата е вообичаено во Индија за време на сезоната на монсуните – од јуни до септември.