Се урна надземен премин на метрото во Мексико Сити, возот падна врз автомобили, најмалку 15 загинати

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бројката на загинати е најмалку 15 лица, откако воз падна врз автомобили по уривање на наземен премин на метрото во Мексико Сити. Има најмалку 70 повредени.

„Потпорен столб пука токму во моментите кога поминуваше возот. Не знаеме дали заглаваните патници во возот се живи“, соопшти градоначалничката на Мексико Сити, Шајнбаум, додавајќи дека 34 лица од повредените се хоспитализирани, но дека има уште заглавени патници во возот кој на два дела виси на надзомниот премин.

Пожарникари и полицајци пристигнаа на местоот на несреќата, а таму се и роднините кои се надеваат дека нивните најблиски ја преживеала несреќата.

Инцидентот се случил на една од најновите линии во градот.