Се засили тропската бура, носи закани од поплави во САД

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тропската бура „Деби“ се засили до степен на ураган додека се приближува кон североисточниот брег на Мексиканскиот Залив и ќе донесе сериозна закана од поплави во југоисточниот дел на САД оваа недела, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НЦУ).

Ураганот се наоѓа на околу 160 километри југозападно од Тампа, Флорида, со максимална брзина на ветерот од 120 километри на час, соопшти НЦУ.