Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во интервју ги претстави економските мерки за помош на Србија и економијата во надминување на кризата од коронавирусот.
„Имаме пари за економијата, но има уште нешто. Размислуваме на секој полнолетен граѓанин на Србија да му доделиме помош од 100 евра. Неважно дали е вработен, невработен, пензионер. Тоа е околу 520 милиони евра“, посочи Вучиќ.
