Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува пратеникот и член на Алијанса за Албанците, Зиадин Села со кого дебатиравме за идејата за Европскиот фронт, каде сите партии на власта ќе настапат заедно на избори со цел реализација на ЕУ агендата.
Тој вели дека е многу мал за да каже „Не“ на една голема идеја како европскиот фронт.
„Зиадин Села е многу мал да каже НЕ на една голема идеја како Европскиот фронт, а темел на ова треба да биде зачленувањето на Северна Македонија во Европската Унија, ова го кажувам под услов напредокот на државата да зависи од нас, тогаш се согласувам“, кажа Села
Тој вели дека ова прашање ќе се дискутира во партијата.
„Видете ние во Алијанса за Албанците ги носиме заедно одлуките, немаме фракции на Зиадин Села или Арбен Таравари, сите заедно носиме консензус. Сепак ова прашање ќе го дискутираме во рамките на партиските тела“, додаде Села.