Села со поддршка за францускиот предлог: Политичарите да не размислуваат за поени, туку за постабилен регион

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

После средбата со премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села рече дека тој и неговата партија ќе искажат поддршка за францускиот предлог.

„Патот кон ЕУ оди преку преговори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење, Алијанса е важна на овие линии, ние сме главни чинители кои ги почнавме овие промени за да бидеме денес членка на НАТО Алијансата, за да бидеме побезбедни во оваа криза во Украина, затоа и зачленувањето на Македонија во ЕУ има геополитичко значење. Затоа политичарите треба помалку да размислуваат за политички поени, туку да размислуваат за регионот да биде постабилен“, рече Села.

Села кажа дека кога ќе се отвори Уставот, ќе треба да се корегира и да стои албански јазик, а не ‘јазик што го зборуваат повеќе 20 отсто од населението’.

„Добро би било да се третира и ова. Алијанса на Албанците ќе инсистира на ова. Апелирам и ДУИ да се позанимаваат за промена на оваа дефиниција, бидејќи колку што ги сфаќам Македонците сега се работи за нивното достоинство, па треба да имаат и тие разбирање за достоинството на Албанците“, рече Села.