Зиадин Села вели дека крилото на Таравари има право да се жали на одлуката на Основниот суд Тетово за партиските печати, пренесува ТВ21. Села вели дека одлуката на судот нема врска со спорот меѓу него и Таравари, туку има врска со барањето на Конгресот тој да биде претседател на партијата.
„Одлуката на Основниот суд Тетово, конечно, стави крај на злонамерните намери на оние кои побегнаа со цел да ја уништат оваа политичка структура и оваа политичка вредност за граѓаните тука, во Северна Македонија“, рече Села.