Села за Таравари: Голема грешка, тогаш јас инсистирав и го поставив за претседател на партијата (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Зиадин Села денеска кажа дека поставувањето на Арбен Таравари за претседател на Алијанса за Албанците било голема грешка, и дека сметал дека Таравари има минимум карактер.

„За жал голема грешка е направена со поставување на овој претседател на партијата, но доаѓа денот кога маските паѓаат. Не дека немав сомневања, со цел за да се заштити партијата и да не се случи ова што се случи, јас инсистирав и го направив претседател, но сметав дека човекот има минимум карактер, но изгледа дека го нема“, рече Села за Таравари.