Селмани: „Огнената група“ може да ја дестабилизира Владата, што не е добро

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваат поранешниот министер Имер Селмани, поранешниот потпретседател на Собранието и екс пратеник од ДУИ Рафис Алити, и аналитичарите Сефер Селими и Џелал Незири со кои разговараме за „Огнената група“ и внатрепартиските незадоволства во ДУИ.

Според Селмани, таканаречената „Огнена група“ може да предизвика дестабилизација во Владата.

„„Огнената група“ е група со луѓе кои имаат тежина во ДУИ. Се работи за двајца градоначалници, а тоа се Блерим Беџети од Сарај и Висар Ганиу од Чаир. Изет Меџити и Мерита Коџаџику пратеници, и сите овие заедно имаат голем број на гласови. Ова може да биде сериозен удар за ДУИ, но не само за ДУИ, може да ја дестабилизира цела Влада, што не е добро во ова време кога се соочуваме со сериозни кризи“, вели Имер Селмани.