Во оваа куќа во селото Чајлане, општина Сарај живее 8-членото семејство Мемети. Нивното секојдневие го минуваат во тешки услови, а овие снимки говорат повеќе од илјада зборови. Пред вратата нѐ пречека домаќинката Албана Мемети, која нѐ покани внатре и ни раскажа како ги минуваат деновите, таа и нејзиното семејство.
-Јас сум Албана Мемети. Живеам во оваа куќа во која нема услови за живот. Како што можете да видите и самите. Тука живееме. Останатите соби се во лоша состојба, нема ништо, еве видете. Самите можете да видите-рече Мемети.
Најмалото дете има 4 години, а нејзиниот 8-годишен син има проблем со говорот.
-Јас би сакала куќа за нас и да ми се излекува синот. Лекарите ми велат дека ќе биде добро, но досега не оздрави. Тој само не може да зборува, сѐ друго разбира-вели Мемети.
Албана се пожали дека кога врне водата им влегува во куќата.
-Ова е вториот кат, но не е среден. Дождот влегува внатре. И електричната инсталација доаѓа во контакт со вода. Оваа соба е целосно уништена. Тука спијат синовите, тука спие поголемата ќерка, и синовите и зетот спијат таму-рече Мемети.
Албана бара сигурен кров над глава за нејзините деца и да го види нејзиниот син целосно излекуван. Кога екипата на ТВ21 го посети семејството, домаќинот не беше дома. Отишол на работа, а како што објаснува Албана, заработува многу малку пари и едвај успеваат да обезбедат храна за 8-членото семејство.
БРОЈ НА СЕМЕЈСТВОТО:
072 525 598
