Септемвриската пензија повисока за 2500 денари, пензионерите велат: „Со ова можеме да јадеме само еден ручек“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пензионерите разговараат меѓу себе за линеарното покачување ма пензиите од 2500 денари кое го добија овој месец за септемвриската пензија. Повеќето изразија разочараност, велејќи дека со овие средства не можат да поминат ни два дена односно доволни се колку за еден ручек.

-Многу (се смее), што се 2500 денари во ова време. Ние сме 6 члено семејство. Еден ручек, ништо друго, само еден ручек може да се купи-вели еден пензионер.

Инаку просечната пензија според статистиките на Пензискиот фонд, во јуни изнесувала 21.241 денар што е 51.5% од нето просечната плата која изнесува 41.252 денари. Од вкупниот број пензионери, повеќето го поминуваат месецот со приходи од 13.192 денари до 22.500 денари.