„Сфаќате ли што направите кримоглавци едни“ – ВМРО-ДПМНЕ со жестоки навреди во финишот на законите за коридорите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Финишира дебатата во Собранието по пакетот закони потребни за изградбата на коридорите 8 и 10Д. Пратениците ја почнаа расправата по петтиот и последен сет од закони а тоа е предлог законот за утврдување јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорите. Во скоро празната сала во која беа присутни само десетина пратеници власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека овој договор е штетен и криминален.

„Одговорност за грешки во главниот проект и документацијата е на терет на изготвувачот на проектот. Овде ако згреши Бехтел државата ќе ги преземе одговорностите и државата ќе ги плати грешките. Сфаќате ли што направивте, сфаќате ли бре кримоглавци едни што правите. Еееј… е ова е за еј…. срушивте цел државен систем, вие мислете што сакате ви го срушивте целосниот државен систем на оваа држава.“, рече Бојан Стојановски.

Бајрам Кадрија од ДУИ очекува дека Бехтел и Енка ќе го реализираат проектот со коридорите 8 и 10Д квалитетно.

„Стратешки може да се каже дека кога еден политички субјект се фокусира стратешки партнер да биде американската и турската фирма а не да се фирми кои што се од Кина и од такви фирми од кои ние не сме имале никаква добивка. Бидејќи стратегија е затоа што Американците и Турците инвестирале многу, почнувајќи од УСАИД НДИ и така натаму. Јас верувам дека овие фирми ќе реализираат многу добра работа за Македонија ќе остане дека ние ќе бидеме горди со нив.“, вели Кадрија.

Досега расправата е завршена за измените на Законот за работни односи, на Законот за експропријација, на Законот за градење и на Законот за урбанистичко планирање. По исцрпувањето на расправата и на овој предлог закон ќе следи седница на која што ќе се гласаат сите пет закони.