Шаќири: 5G технологијата наскоро „опиплива” за граѓаните

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, на својот профил на Фејсбук објави дека на собраниската седница ги изгласале измените на Законот за електронски комуникации, со што како што најави, наскоро и граѓаните на Македонија, ќе имаат можност да ја користат 5G технологијата

„На денешната собраниска седница беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации.

Во наредниот период ќе се донесат подзаконските акти за електронски комуникации од Агенцијата за електронски комуникации. Ова им овозможува на сите производители на 5G технологии да ги операционализираат техничките критериуми.

Република Северна Македонија сега ќе ја зголеми безбедноста за технологијата 5G.Како земја аспирант кон Европската унија, заштитата на податоците на граѓаните е на прво место.

Ова е приоритет на Министерството за информатичко општество и администрација во врска со имплементацијата на оваа технологија“, напиша Шаќири во својата објава.