Шекеринска за случајот „Мијалков“: Очигледно некој ја споделил информацијата со човекот кој требаше да се соочи со правдата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Занзибар воведе забрана за голотија на јавните места, казни до 2 000 долари

На остворот Занзибар, на сила стапи забраната за шетање на голи на јавните места, а властите велат дека за...

МВР приведе криминалец баран од германската полиција

На 05.03.2021 во 13,00 часот на Граничен премин „Јажинце“ од полициски службеници бил лишен од слобода Д.М.(30) од Германија...

Африм Гаши за предлогот на Заев: Ова не е нова идеја

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши за ТВ21 го коментираше предлогот на премиерот Зоран Заев за разговори со опозицијата да...

Милошоски: Заев потврди дека на Македонија и треба нова Влада, власта нема капацитет да излезе од кризата

Во денешната изјава од Охрид, Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, на...

Заев најави можна соработка со опозицијата: Сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада!

Премиерот Зоран Заев изјави дека е подготвен да разговара со опозицијата за идно формирање на Влада за национален спас....

„Ова не е превид, туку очигледно дека некој од малкутемина што знаеле ја споделиле таа информација со човекот што требаше да се соочи со правдата“, е реакцијата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за случајот со Сашо Мијалков.

Таа истакна дека Владата ќе бара одговорност од оние кај кои има пропусти за овој случај.

„Ќе бараме одговорност, бидејќи веќе прашањето не е како да се обезбедат луѓето што бегаат од правдата да се соочат со правдата, а организаторите да одговорат, туку кој го информирал Мијалков и го обезбедил неговото бегство“, рече Шекеринска која напомена дека виновниците не треба да имаат само политичка, туку и кривична одговорност.

„Пред ова бегство ниту извршната власт ниту правосудните органи нема да затворат очи.“, изјави Шекеринска од Криволак.

Амбасадорката Кејт Мери Брнз посочи дека нема што да додаде со случајот, туку дека ги следи случувањата и благодарни се на Владата што ги споделува сите информации.