Шилегов со предлог: Нов мементо парк во кој ќе бидат дислоцирани сите споменици од Скопје 2014

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Општина Центар ќе додели 400.000 денари за помош на Петриња во Хрватска

Советот на Општина Центар на вчерашната 59. седница донесе одлука да додели парична помош во висина од 400.000 денари...

Најзадоволни од професијата се ИТ професионалците и дизајнерите, најмалку вработените во производство, угостителство, економисти и правници

Над 70 отсто од економистите и над 50 проценти од правниците би ја промениле професијата, покажува истражувањето на  Brainster. На...

Без вода корисниците од повеќе улици од Скопје

Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Видое Смилевски Бато“, „Панче Неделковски“, „Ќемал Ататурк“ и „Коста Абрашевиќ“, информираат...

Полска најави правни активности против Фајзер за недоставување на сите вакцини

Полска би можела да преземе правни активности против американската фармацевтска компанија „Фајзер“, бидејќи не се доставени сите договорени количини...

Франција воведува ПЦР тест за влез во државата

Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на своите колеги од Европската унија дека Франција ќе ги направи PCR-тестовите задолжителни...

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска на прес конференција истакна дека неговиот став кон „Скопје 2014“ е непроменет, како и дека му се допаѓа идејата на местото на дивата депонија во општината Ѓорче Петров да се направи мементо парк и сите споменици да бидат таму дислоцирани.

„Мораме да биде внимателни, да не предизвикуваме нови поделби и револт во општеството. Треба да имаме меѓусебна почит независно дали некому му се допаѓа „Скопје 2014“ или не. Скопје не е град како што сега изгледа центарот, ниту бил, ниту треба, а нити ќе биде. Но, мора да почитуваме дека некои луѓе сакаат тоа да го гледаат и со ваков парк ќе им го овозможиме тоа. Да не бидеме брутални во отстранувањето туку да имаме еден општествен помирувачки процес“, порача Петре Шилегов.

Тој вели дека ваков парк веќе има во Будимпешта и сите статуи на Сталин, како и одбележјата на комунизмот ги имаат ставено таму.

„Зошто и ние да не направиме еден парк со оставнината на еден мал диктатор“, додава Шилегов.

За потсетување, досега е отстранет само споменикот на Андон Јанев-Ќосето од пред Врховниот суд.

Скопје 2002 vs Скопје 2020

За сите кои се носталгични, ве потсетуваме како Скопје изгледаше во 2002 година, а како денес.