Што следува по склучувањето на меморандумот со Бектел-Енка за Коридорот 8?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Направен е договор со американската компанија „Бектел-Енка“ која треба да го гради Коридорот 8, но што следува по овој меморандум?

На ова прашање во „Click Plus“ на ТВ21 одговори министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој вели дека тие во моментов имаат склучено меморандум со компанијата за соработка, кој што е необврзувачки како меморандум, туку само влегуваат во една можна постапка која уште се работи на разработка на целиот овој концепт на законот кој што треба да оди во Собрание, а од тоа и на Договорот.

„Имаме три моменти, првиот е меморандумот, вториот е законот, и третиот е договорот. Законот ќе оди во Собрание, доколку помине потоа ќе почне да се креира договорот каде што ќе има и сума на чинење, цени. А на крајот кога ќе биде комплетиран и договорот, повторно ќе оди во Собрание пред пратениците“, вели Бочварски.

Министерот додава дека за него е важно дека на два наврати ќе се оди и во Влада и пред пратениците, односно пред целата јавност.