Силен земјотрес во Еквадор: Најмалку 16 лица загинаа, некои останаа заробени под урнатините

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

МНОГУ силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала вчера ја погоди областа околу вториот по големина град во Еквадор. Најмалку 16 лица загинаа, околу 380 луѓе се повредени и згради се оштетени, пишува Си-Ен-Ен.

Во државата Ел Оро неколку луѓе се заробени под урнатините на двокатна зграда.

Земјотресот го погоди крајбрежната област Гуајас, а епицентарот беше на околу 80 километри јужно од Гвајакил, град со повеќе од три милиони жители.

Во тек е спасувачка операција од уништени или оштетени објекти. Повредените лица се пренесени во болница.

Вчера претседателот Гиљермо Ласо им се обрати на граѓаните на Твитер и ги повика да останат смирени и присебни.