Силјаноска: Пред осум години имавме медиумски мрак, сега државата работи за професионален раст на медиумите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Светлана Силјановска од Владата на РСМ вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека пред осум години во Македонија имало медиумски мрак, додека пак сега државата работела за професионален раст на медиумите.

„Силни поддржувачи сме на саморегулацијата, навистина веруваме. Неблагодарно е Владата да ја уредува или евалуира работата на медиумите“, вели Силјаноска.