Во Отвореното студио на ТВ21 вечерва ја анализиравме и 17-тата епизода од 11-тата сезона на популарната цртана серија Симпсонови.
Во епизодата се појавува Лиза Симпсон која како прва жена претседател на САД, е облечена слично како Камала Харис на инаугурацијата на Џо Бајден.
Оваа епизода е емитувана во 2000 година, додека пак Лиза се гледа во визија на иднината како прва жена претседател на САД, и зборува како земјата е скршена после претседателот Трамп.
Во нејзината претседателска улога во епизодата, Лиза вели: „Како што знаете, наследивме прилично буџетска криза од претседателот Трамп“.
Симпсонови се познати по тоа што имаат „предвидувања“ на работите кои треба да се случат. Тие погодија за епидемијата на ебола, потоа за Лејди Гага на „Супер Боул“, па за победа на претседателот Трамп.