Синадиновска: Главните дезинформации за војната во Украина ги добиваме од Србија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Катерина Синадиновска од СЕММ вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека главните дезинформации за руската агресија врз Украина ги добиваме од соседна Србија.

„Не би рекла дека во соседството колегите посебно се истакнаа во известувањето и во неширењето на дезинформации затоа што главниот број на дезинформации кои што ние ги добиваме, ги добиваме токму од Србија, преку медиумите кои што навлегуваат кај нас затоа што нема јазични бариери“, вели Синадиновска.

Таа додаде и дека има зголемен број на поднесени преставки во врска со информирањето околу војната во Украина.