Синадиновска: Руската пропаганда во северниот дел на Косово е застрашувачка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Катерина Синадиновска од СЕММ вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека руската пропаганда во северниот дел на Косово била застрашувачка.

„Минатата недела бев на северот на Косово каде што се тензиите. Можам да кажам дека во делот на Митровица, каде што е српското население, руската пропаганда е застрашувачка просто. Можете да ја видите на графити, можете да ја почувствувате во разговори со граѓаните таму“, вели Синадиновска.