Сите детали од денешниот протест за „Монструм“, ситуацијата ескалираше, демонстрантите се судрија со полицијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

13 часот. Демонстрантите се собраа кај паркот во Чаир. Во 13:20 се упатија кон Судот со цел да го изразат своето незадоволство од, како што велат, монтираните судски случаи.

Маршот наиде на полициски кордон кај ТЦ „Мавровка“. Ситуацијата до тој момент беше мирна… Демонстрантите побараа полицијата да им го ослободи патот, бидејќи протестот бил најавен и одобрен од МВР до Влада.

-Ве замолувам мирно да го ослободите патот, бидејќи протестите се мирни. Ве молам ослободете ни го патот. Ослободете го патот. Ослободете го патот.
Но, со оглед на тоа што полициските припадници не се повлекуваа, демонстрантите им дадоа рок од 10 минути да им дозволат да поминат-рече Ајдани.

-Кој е надлежен за полицајците нека реагира и нека се повлечат од патот. Можат да го надгледуваат протестот и да нѐ испратат до Владата. Донесете одлука во рок од 10 минути ве молам-

Но, и по истекот на 10-те минути, полицајците не отстапија. Ситуацијата ескалираше и демонстрантите почнаа да фрлаат камења и боја.

Во неможност да пристигнат до Влада, одлучија барањата да ги изнесат тука…

„Затоа денеска ви велам дека се преполни чашата бидејќи народот веќе не трпи. Да се прекинат политичките пазарења на грб на невини Албанци. Доста веќе се користат овие случаи за политички поени за добивање гласови. Да се разрешат обвинителката и судиите на случајот Монструм бидејќи воопшто не се занимаваа со факти и докази што требаше да произлезат од прислушуваните разговори поврзани со случајот. Собранието и Владата да ги објават прислушуваните разговори од случајот Монструм. Да се повикаат меѓународни експерти кои на независен начин од типот на Еулекс во Косово да се занимаваат со сите политички монтирани случаи.“, рече Ајдани.

По соопштување на барањата, дел од демонстрантите станаа агресивни. Полицијата реагираше фрлајќи шок бомби.

Освен шок бомби полицијата фрлаше и со камења.
При судирот, беа повредени неколку полицајци, еден демонстрант беше уапсен.

По 3 часа протест, демонстрантите се разотидоа како и полицајците.