Сите прогласија победа – предвремени избори на „победници“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 21 часот беа затворени сите гласачки места.

Веднаш почна пребројувањето на гласови за да се одреди победникот на парламентарните избори 2020.

Политичките партии почна со прес конференции објавувајќи ги нивните резултати од нивните аналитички центри.

Претседателите на АА и ААА, Зијадин Села и Африм Гаши излегоа пред медиумите.

Можеби не беше намерно, но гласната музика од  еден локал во близина ја отежнуваше комуникацијата меѓу двајцата лидери.

Зијадин Села: Да, да, но, што да направиме?

Африм Гаши: Изгледа како ние да сме пуштиле!

Зијадин Села: Како прво нашите опоненти кои пуштиле музика овде, ние не се слушаме меѓусебно и тоа не е воопшто коректно.

Со гласна музика ДУИ почна да слави.

Стигна и првата порака до гласачите од лидерот Али Ахмети.

„Орлите се вратија во своето гнездо“, истакна Али Ахмети.

Од Тетово се јави и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

„Конечно станав пратеник, можеби е малку цинично но свесен сум дека на сите тие кои работеа против мене, вечерва им се заби нож во срцето“, порача Мендух Тачи.

Карши главното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, се наоѓа општинскиот штаб на СДСМ за Центар. Славеа со пиротехника.

А, при настапот на Зоран Заев, неговиот партнер од коалицијата „Можеме“, Биљал Касами, не беше виден на прес конференцијата кога Заев објави победа.

Мицкоски синоќа го немаше. На прес конференција се појави дури денеска, а прославата на политичките партии траеше до раните утрински часови, се разбира во услови на епидемија и зголемен број на новозаразени, без социјална дистанца и голем број од симпатизерите без заштитни маски.