Студија на Европската комисија, која ги анкетирала жителите ширум Европа, и ги оценуваше градовите врз основа на клучните фактори како што се домување, зелени површини и здравствената заштита, ги покажа најлошите градови за живеење во 2023 година, пренесува порталот Н1.
Додека повеќето Европејци изразуваат големо задоволство о својот живот, некои многу популарни туристички дестнации се дом на некои од најмалку задоволните животи на континентот.
На списокот на најлошите градови се најде и Скопје. Еве ја листата:
10. Подгорица, Црна Гора
Подгорица, главниот град на Црна Гора, е на 10-то место по највисоко ниво на незадоволство кај жителите во Европа. И покрај атрактивното крајбрежје на земјата што привлекува многу туристи, нејзиниот главен град не ужива исто ниво на интерес. Помалку од половина од жителите на Подгорица сметаат дека градот е добредојден за ЛГБТ лицата, а 22 отсто од нив изјавиле дека се чувствуваат осамено.
9. Мишколц, Унгарија
Мишколц, индустриски центар во североисточна Унгарија и четврти по големина град во земјата, се бори со задоволството на жителите. Помалку од половина од жителите се чувствуваат безбедно на улиците ноќе, а помалку од 25 отсто веруваат дека е лесно да се најде добра работа во градот. Дополнително, локалниот здравствен систем не ги исполнува очекувањата на многу жители.
8. Скопје, Македонија
Само 13 отсто од жителите на Скопје веруваат дека квалитетот на нивниот живот е подобрен во последните пет години. Дополнително, помалку од 40 проценти од луѓето рекле дека чувствуваат дека можат да им веруваат на другите во нивниот град.
7. Рим, Италија
Иако Рим е водечка туристичка дестинација во Европа, тој е лошо рангиран во однос на задоволството на жителите. Само три отсто од оние што живеат во италијанската престолнина веруваат дека нивниот квалитет на живот е подобрен во последните пет години. Исто така, помалку од половина од жителите на градот веруваат дека Рим е соодветно место за живеење на стари лица.
6. Белград, Србија
Белград, главниот град на Србија, е меѓу градовите во Европа со најниско ниво на задоволство на жителите. Само 38 отсто од нејзините жители сметаат дека можат да им веруваат на своите сограѓани. Додека околу 60 отсто од нив се задоволни од вработувањето. Помалку од половина од населението во градот е задоволно од системот на јавен превоз.
5. Неапол, Италија
Неапол, вториот италијански град на листата на ниско задоволство од животот, се бори и покрај неговата популарност меѓу туристите. Само 66 отсто од жителите изјавиле дека се среќни што живеат во градот. Дополнително, само 58 отсто веруваат дека Неапол е соодветно место за млади семејства, а помалку од половина од населението се чувствува безбедно додека пешачи ноќе.
4. Тирана, Албанија
Тирана, главниот град на Албанија, е рангиран како еден од најнеповолните градови во Европа за живеење, а само 66 отсто од жителите изјавиле дека се задоволни од нивните животни услови. Помалку од 30 отсто од луѓето веруваат дека Тирана е добредојдено место за ЛГБТ лицата, а помалку од 40 отсто мислат дека градот нуди соодветна зелена површина.
3. Истанбул, Турција
Во Истанбул, помалку од 40 отсто од жителите сметаат дека градот е соодветно место за стари лица, а помалку од половина се чувствуваат безбедно навечер. Довербата меѓу жителите е исто така ниска, а само 27 отсто веруваат дека можат да се потпрат на другите во градот.
Освен тоа, само 10 отсто од луѓето веруваат дека е лесно да се обезбеди добро и достапно домување.
2. Атина, Грција
И покрај тоа што е врвна туристичка дестинација, Атина е лошо рангирана во однос на задоволството на жителите. Само нешто повеќе од 20 отсто од нејзините жители лесно наоѓаат добра работа во грчката престолнина. Помалку од 40 отсто се задоволни од јавните простори во градот, а има и големо незадоволство од нивото на загаденост.
1. Палермо, Италија
Палермо, главниот град на Сицилија, има најмалку задоволни жители во Европа. Само 62 отсто од неговите жители изјавиле дека се задоволни од животот во градот, а само четири отсто веруваат дека таму ќе најдат добра работа. Жителите, исто така, сметаат дека Палермо е претерано бучен, со само шест проценти оцена како чист. И покрај овие проблеми, приморскиот град останува многу барана дестинација за одмор.