Славески ја нарече Арсовска мало дете, таа вечерва му одговори: Неговите изјaви многу повеќе кажуваат за него отколку за мене!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека тоа што Славески ја нарекол мало дете, неговите изјави многу повеќе кажуваат за него отколку за самата таа.

„Моите очекувања не се ништо променети од тоа што биле до пред една недела, очекувам секој од советниците кој што си носи сопствен личен интегритет да си ја работи работата како што си ја работеле досега, да ги застапуваат проектите кои што се во интерес на граѓаните, да ги поддржуваат оние проекти кои што ќе се достават до нив, а позади кои што застанале пред се во програмата меѓутоа во изминативе 10 месеци во многу случаи видовме и опциите кои што не ги поддржувале овие проекти за време на изборите“, вели Арсовска.

Таа ги повика советниците во Советот на Град Скопје да излезат од политичката матрица и да ги гласаат проектите кои што се во интерес на граѓаните. Арсовска не сакаше да ги коментира изјавите на претседателот на Советот кој ја нарече „мало дете“.

„Искрено не би сакала да го коментирам затоа што неговите изјави многу повеќе кажуваат за него отколку за мене. Сепак се работи за возрасен човек кој што треба да се надмине себе си, малку да размислува пред да зборува“, порача Арсовска.