Славески: Советот ја задолжи Арсовска да предложи измени на одлуката за исплата на приватните превозници, но администрацијата ме опструира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели дека Советот по петчасовна расправа на итна вонредна седница со мнозинство гласови донесе заклучок со кој се задолжува градоначалникот Данела Арсовска во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден, 29 ноември 2024 година, да предложи измени и дополни на одлуката за исплата на приватните превозници, со конкретни насоки.

„Иако како Претседател на Совет замолив Сектор за поддршка на Совет, кој е дел од градската администрација, да го подготви заклучокот за потпис и проследување до градоначалникот Арсовска во рок од половина час по завршување на седницата, тоа не е направено ниту по час и половина од посочениот рок. Веројатно по налог на Арсовска, администрацијата ме опструира, односно отворено покажува дека се противи на решавање на проблемот со приватните превозници.

Останувам да го чекам на потпис актот во мојата канцеларија во Совет на град Скопје“, вели Славески.