Снимател од МРТ вечерва починa од коронавирус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Снимател кој работел во студиото на Македонската радио телевизија вечерва починал од коронавирус.

Ахмети се заразил од Ковид-19 во последнава недела, а за само неколку дена состојбата му се влошила и завршил на респиратор. Вечерва тој ја загубил битката со коронавирусот.

Информацијата ја потврдуваат и од МРТ 2, програма на албански јазик.

„Вечерва и ние изгубивме еден колега, еден член од нашето семејство“, велат од МРТ.

Ова е трет смртен случај на медиумски работник во Македонија кој за жал ја изгуби битката со Ковид-19, животот го загубија и водителот Драган Вучиќ, како и колега од ТВ Спектра, Лабуништа.

Редакцијата на ТВ21 изразува сочувство.