Со 200 автобуси приватните превозници во петок ќе го блокираат Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Приватните превозници денес нема да го блокираат Скопје поради посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, но нема ниту да возат.

-Со оглед на информацијата од МВР дека утре доаѓа висока делегација од Германија на чело со претседателот, ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да не ги отежнат безбедносните протоколи, да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, а доколку до тогаш не се постигне некаков договор со Градот Скопје и ЈСП на улица ќе излезат повторно во петок, истакна Јовановски.

Директорот на „Слобода превоз“ најави дека доколку во меѓувреме нема преговори и договор со Градот, во петок ќе има масовни блокади на Скопје со 200 автобуси.

Тензично помина и вчерашната седница на советнички прашања на која градоначалничката Данела Арсовска им порача на приватните превозници дологвите да си ги бараат на суд. Таа повтори дека во наредниот период ќе биде објавен повик за нови превозници на кој ќе може да се пријават сите заинтересирани.

По вчерашната неуспешна средба со управниот одбор на ЈСП, приватните превозници дадоа нов рок до петок. Најавија дека доколку до петок не биде исплатен милионскиот долг кон нив, тие со над 200 автобуси целосно ќе го парализираат сообраќајот во главниот град, а блокадите на градските сообраќајници ќе останат до конечно решавање на нивниот проблем.