Со возилото удрил во петгодишно девојче од Пробиштип, а потоа избегал

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вчера во 15.45 часот на ул.„Јаким Стојковски“ во Пробиштип, патничко возило „пежо“, со непознати регистарски ознаки, удрило во петгодишно девојче од Пробиштип, по што го напуштило местото. 

Во незгодата со повреди се здобило детето и било пренесено во Здравствен дом – Пробиштип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Пробиштип.