Собранието нема да ја разреши Регулаторна комисија – Заев: Парламентот не треба да посегнува по никакви одлуки за разрешување

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ниту новото парламентарно мнозинство нема да ја распушти Регулаторната комисија за енергетика, па така поскапувањето на електричната енергија за 7,4% останува на сила. Ова го најави идниот премиер Зоран Заев, чија партија заедно со коалицијата во законодавниот дом имаат 46 пратеници.

Распуштање на РКЕ беше барањето кое го изнесоа демонстрантите на двата протеста што се организираа во неколку градови. Пред неколку дена, во емисијата „10 Минути“ на ТВ21, организаторот на протестот, Аријанит Џафери побара реакција од 120 народни избраници.

„Граѓаните ги гласаа за да ги застапуваат и за жалење е што малкумина од нив, да не речам никој, не рече макар еден збор околу овој проблем. Тие треба да ги претставуваат граѓаните во Собрание, во медиуми, во секојдневниот живот, секој ден. Овие 120 пратеници треба да излезат и да зборуваат во интерес на граѓаните и веднаш да ја распуштат Регулаторната комисија за енергетика како мафијашка група која ги краде граѓаните и никому не дава отчет.“, рече Џафери.

Џафери рече дека пратениците треба да го застапуваат интересот на граѓаните, бидејќи тие гласале за нив. Најави дека протестот може да го изгуби карактерот на мирен протест, ако институциите, како што се Владата и Собранието продолжат да молчат за, како што вели тој „кражбата која се врши врз граѓаните од страна на енергетските претпријатија“.

Против поскапувањето на струјата ќе се протестира и в петок во Скопје, Тетово, Куманово, Струга, Гостивар, Кичево и Битола.