Софија-Скопје: Бугарија со писмен документ ќе ги дефинира задачите кон Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков најавува усвојување на писмен документ, што ќе ги дефиниразадачите на институциите во Бугарија со конкретно утврдени обврски за дијалогот со Македонија.

„Во нашите односи со Северна Македонија, ние сме во фаза кога, пред се, мора да обезбедиме координација на различни институции, за ова треба да донесеме можеби ќе биде писмен документ кој ќе ги дефинира задачите на различни институции, организации во однос на тоа што треба да се направи во иднина во нашите односи со Северна Македонија, за да се постигне систематски пристап, јасно да се напишат задачите и одговорностите, за да може да се очекуваат и резултати“, вели Никола Милков.

Тој се надева дека ќе има процедура за консолидација и во РСМ за тоа што може да се направи во позитивна смисла. „Бидејќи за жал и да имаме одреден консензус за Северна Македонија, консензусот не е многу јасно видлив“, додаде Милков.

„Таму една партија е отворена за дијалог и друга е против и мислам дека ќе биде многу полесно ако ја имаме државата за партнер, а не партиите“, посочи Никола Милков.

Неговата заменичка Велислава Петрова, која беше заменик и на неговата претходничка Теодора Генчовска, ќе продолжи да биде одговорна за билатералниот дијалог меѓу Бугарија и Македонија.

Милков е именуван за министер за надворешни работи на Бугарија во техничката Влада која ќе раководи со земјата до завршувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 2 октомври.