Сончево и топло утре, а в недела дожд и опаѓање на температурата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Времето утре ќе биде сончево и значително топло време. Утринските температури ќе се движат од 3 до 8 степени, а дневните од 19 до 27 степени. В недела под влијание на постудена и влажна воздушна маса времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер. Дневните температури ќе опаднат за 6 до 9 степени.

Во почетокот на следната седмица утринските температури ќе бидат под нулата, информираат од УХМР.