Сончево со мала до умерена локална облачност

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Утре и во сабота ќе се задржи многу топло време со пораст на дневните температури. Од недела во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе дува засилен североисточен ветер што ќе предизвика пад на температурата од 2 до 4 степени.