Сончево со мала до умерена облачност

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Од понеделник во попладневните часови најпрвин во западните делови ќе почнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите делови. Во вторник ќе биде нестабилно и врнежите наместа ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Во овие денови ќе дува умерен до засилен јужен ветер.