Сончево со мала локална облачност

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сончево со мала локална облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во следните денови ќе се задржи релативно топло време со умерен, а во петок и за време на викендот наместа засилен ветер од јужен правец. Повремени врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник.