Во судница во Кривичен суд за убиството на Вања и Панчев, денеска сведочи Ѓорѓи Џолев, член на политичката партија Десна и претседател на централниот комитет на партијата.
Тој рече дека го известил Палчо веднаш кога бил повикан во полициска станица од секторот за крвни деликти и му кажал дека е повикан поради возлото Рено Кангу кое претходно го дал на користење на партијата.
„Го известив Палчо преку Телеграм дека сум повикан во полиција. Му кажав дека и сопругата е повикана од крвни деликти поврзани со колата Рено Кангу“, сведочеше Џолев.
Џолев додаде дека разговарал со Палчо преку Телеграм додека возел кон полициската станица.
„Во полициската станица ме прашуваа дали сме сакале да ја дестабилизираме земјата. Ме прашуваа за комуникацијата со Палчо и како сме комуницирале во партијата“, сведочеше Џолев.
Љупчо Палевски – Палчо: Дали се сеќавате дека на 22-ри декември 2023 се одржа поткаст „Крш дебата“?
Џолев: „Да да се сеќавам“
Палчо: Дали ме затекнавте тогаш и дали ме прашавте, каде е комбето?
Џолев: „Да се сеќавам и ми рековте дека возилото е на мајстор“.