Спасовски: Руските дипломати се протерани поради излегување надвор од нивниот дипломатски мандат

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека руските дипломати се протерани поради излегување надвор од нивниот дипломатски мандат.

„Северна Македонија е дел од НАТО, и тука сме на чисто и на јасно. Дали ги следиме активностите? Секако дека да, и она што се презема, протерување на дипломатите, е во насока на тоа дека службите добро си ја работат работата во заштита на интегритетот, безбедноста и суверенитетот. Знаеме зошто се протерани, но тоа е нешто кое е излегување надвор од нивниот дипломатски мандат“, вели Спасовски.