Спасовски за потрагата по осомничениот за нападот на ракометарот Тот: Засега немаме информации дека ја напуштил државава

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес конференција посочи дека за случајот со ракометарот Денис Тот има две лица приведени, додека по едно лице се трага.

Тој додава дека за ова лице ќе има распишано централна, но и меѓународна потерница.

„Овој случај е целосно расчистен“, вели Спасовски.

На прашањето дали истото лице можеби ја напуштило државава, Спасовски вели дека засега немаат такви информации.