Средба на претседателот Пендаровски со Дритан Абазовиќ, потпретседател на Владата и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Цетиње оствари средба со Дритан Абазовиќ, потпретседател на Владата и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, нагласувајќи ја можноста за зајакнување на економската соработка.

Исто така беа разговарани прашања за европската перспектива на двете земји, како и за актуелните состојби во поширокиот регион, во контекст на руската инвазија врз Украина.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија со особено внимание ја следи политичката состојба во Црна Гора и посакува што побрзо формирање на новата Влада.