Владата на Србија објави програма на пакет со мерки насочени кон намалување на негативните ефекти предизвикани од пандемијата на коронавирус и поддршка на српската економија и зачувување на работните места за време на вонредната состојба. Мерките ќе важат само за оние кои отпуштиле помалку од десет проценти од вработените.
Како што јави допсникот на МИА од Белград, министерот за финсии Синиша Мали кој на прес конференција ги презентираша новите економски мерки, изјави дека најголем терет од кризата го презема државата, и дека мерките се во вредност од 5,1 милијарди евра или 11% од буџетот на Србија.
-Пакетот на мерки на владата се состои во одлагање на плаќањето на доспеаните даночни обврски, директна помош на претпријатијата во приватниот сектор, зачувување на ликвидност на стопанството и помош од 100 евра на сите полнолетни граѓани на Србија, изјави Мали, кој додаде дека платите и пензиите нема да се намалуваат.
Првиот пакет на мерки претпоставува, во најголем дел, одложување на плаќање на даноците и на доприносите на заработка за сите приватни претпријатија најмалку за периот до три месеци, одлагање на плаќање на данок на добивка до вториот квартал на 2020 година и ослободување од плаќање на ДДВ за сите оние кои ќе донираат. Вкупната вредност на овие мерки е околу 1,3 милијарди евра, кажа Мали.
Вториот пакет на мерки е директна помош за сите претприемачи, на микро, малите и средни претпријатија во износ од три минимални плати или на секој вработен во тие претпријатија државата ќе им уплати 759 евра во наредните три месеци.
-Освен оваа мерка, владата ќе даде помош во износ на 50% од платите на оние вработени во големите претпријатија кои добиле решение за престанок на работа, изјави Мали.
