Стационарот „Лајка“ никако да се отвори – Шилегов најави за септември, волонтерите бараат смена на директорката

НАШ ПРЕДЛОГ

ЧУДО ВО ИЗМИР: После 33 часа извадено лице од урнатините (ВИДЕО)

Лице после 33 часа било извадено од под урнатините од една зграда во Измир.

Во државава има 183 амбулантни возила – министерствата и општините имаат на располагање 2.645 патнички возила

По денешниот случај со Струмица, каде јавно директорот бараше донации за ново амбулантно возило ТВ21 потсетува на...

Град Скопје ќе испрати помош за настраданите од земјотресот во Измир

Градот Скопје ќе испрати помош за настраданите од земјотресот кој го погоди Измир, во Турција, пренесува Агенција...

И по година и пол од нејзиното назначување, в.д. директорката на стационарот за бездомни животни „Лајка“ не успеа да стерилизира ниту едно куче. Со вакви обвинувања деновиве во јавноста излегоа голем дел од активистите и здуженијата за заштита на животните. Според нив, ваквата состојба е резултат на целосното исклучување на активистите од сите процеси поврзани со третманот на бездомните животни во Град Скопје. Тие тврдат дека управителката Тина Петрушевска е неподобна и ја злоупотребува својата функција.

„Проблемот кој го има во градов, ние го лоцираме во назначувањето на неподобни кадри на функциите, конкретно на в.д директорката на ЈП Лајка, бидејќи наместо таа да се ангажира претпријатието да почне што побрзо да работи, таа ја злоупотребува својата службена должност и прогонува активисти, води судски процеси пртив нив, ја опструира нивната работа и во тоа вовлекува и други институции од државата, за што веќе се акумулира обемен корпус на докази кои наскоро ќе бидат изнесени во јавност и ќе се процесираат преку институциите“, вели Драгана Велковска – советник во Град Скопје.

Велковска потенцира дека во повеќе наврати се поднесени барања до Град Скопје за дисперзиран третман на бездомните животни. Тв21 ја исконтактира и директорката на Лајка која рече дека досега до неа нема стигнато ниту еден официјален допис со предлози за функционирање на претпријатието од ниту еден активист, љубител на животни или здружение на граѓани.

„Стационарот е изграден по светски стандарди и вклучува карантински дел, амбуланта со приемен дел и две хируршки сали, интензивна нега, оддел за вдомување со груминг салон, центар за ресоцијализација и едукативен центар, парк за кучиња, оддел за опсервација на кучиња кои каснале граѓани и мал административен дел. Отидовме и чекор подалеку и го подигнавме нивото на целата проблематика па наскоро ќе и ги соопштиме на јавноста и резултатите од пописот на бездомни кучиња на територијата на град Скопје“, вели Тина Петрушевска – директор на ЈП „Лајка“.

Прашан за тоа колку е запознаен и задоволен со работата на директорката, Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов рече дека капацитетот е при самиот крај и треба да биде пуштен, така што не може да зборуваме за реален квалитет во извршувањето на функцијата.

„Секако работата на секој еден раководител, во било која градска институција е под опсервација и се санкционира. Веројатно сум и еден од ретките којшто разрешува луѓе или повикува на нивна одговорност“, вели Петре Шилегов – градоначалник на Град Скопје.

Скопските активисти за заштита на животни обвинуваат дека целосно волонтерски му ја работат работата на Град Скопје и доколку располагаат со доволно донации, на месечно ниво имаат капацитет да стерилизираат над 300 кучиња и над 200 мачки. Само во моментов скопските активисти имаат згрижено над 500 бездомни животни, а секој месец вдомуваат стотици. Тие едногласно бараат смена на директорката и поставување на долгогодишен активист-волонтер на функцијата директор на ЈП Лајка за конечно да се реши прашањето со бездомните животни на хуман начин.