Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција истакна дека лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари е смешен како се обидува да се оправда себе си и желбата за гола власт и функции
„Европската идеја не е молење и уценување за функции и вработување на членови на партија. А, Таравари влегува во владата во чие време се отселени пет пати повеќе луѓе отколку последните 20 години. Таравари е смешен како се обидува да се оправда себе си и желбата за гола власт и функции, и што му текнало дека е за Европа, и тој заедно со Артан, Бујар, и редица други европјани ќе нѐ внесуваат во Европа“, нагласи Стоилковски.
Тој додаде дека веруваат оти и самиот си се смее навечер на сопствените изјави и лицемерието, кои се толку проѕирни што и од тој агол и Мендух Тачи би бил визионер.