Стојков: Нема можност Македонците да се изјаснат како Македонци на пописот во Бугарија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на ОМО Илинден, Стојко Стојков вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вели дека Македонците немале можност да се изјаснат како Македонци на пописот во Бугарија.

„Кога прашуваме колку се Македонци, по официјални податоци од различни пописи меѓу 1600 и 187 илјади. Тоа се официјалните бугарски податоци. За жал после 1956 година откако започна политиката на дискриминација нема реална можност или ограничена можност да се изјасните како Македонец“, вели Стојков.