Страшни сцени: Навивачите на Лил избодени со нож во Италија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Двајца навивачи на фудбалскиот клуб Лил се избодени со нож во Болоња во пресрет на натпреварот со истоимениот клуб во Лигата на шампионите, соопшти францускиот клуб.

„Клубот безрезервно го осудува овој кукавички и неподнослив напад, кој е во спротивност со сите вредности на фудбалот. Им нудиме помош на навивачите кои беа жртви на овие напади и им посакуваме брзо закрепнување“, се вели во соопштението на Лил.

Францускиот клуб ги предупреди навивачите да бидат внимателни откако стана познат инцидентот, пренесува Би-Би-Си.

Италијанските медиуми јавуваат дека околу триесетина навивачи на Лил биле нападнати од многу поголема група хулигани пред бар во градскиот универзитетски кварт во Болоња.

Според информациите на полицијата до медиумите, хулиганите ги нападнале навивачите со метални шипки и синџири, а две лица биле избодени со нож.

Вкупно тројца навивачи се повредени и пуштени по укажаната помош во болница.